Зошто традиционалниот антивирус не е доволен за компаниите денес?

Во минатото, инсталирање антивирус значеше основна заштита на компанијата. Денес, сајбер заканите се многу понапредни, автоматизирани и потешки за откривање. Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија има формирано посебна единица за сајбер безбедност – МВР-ЅОС, чија цел е следење, откривање и реакција на сајбер закани и инциденти.

Дополнително, МВР редовно предупредува компаниите да ги обучат своите вработени да не отвараат лажни електронски пораки и сомнителни прилози, бидејќи тие често се користат за кражба на податоци и инфилтрација на злонамерен софтвер.

Ова е јасен показател дека сајбер нападите денес претставуваат реален ризик и за компаниите во Северна Македонија, а модерната сајбер заштита повеќе не е избор, туку неопходност за секоја организација.

 

Модерните сајбер напади повеќе не се “обични вируси“

Денешните хакерски напади користат:

  • лажни електронски пораки и измами (phishing)
  • напади за заклучување и уцена на податоци -(ransomware)
  • нови и непознати закани
  • напади со помош на вештачка интелегенција -(AI)
  • напади преку cloud и далечински пристап

Овие закани:

  • се маскираат како легитимни документи
  • не оставаат класични траги
  • можат да останат скриени со денови или недели
  • често го забиколуваат традиционалниот антивирус

Тоа значи дека компанијата може да биде компромитирана без воопшто да забележи.

 

Зошто класичниот антивирус повеќе не е доволен за компаниите?

  1. Работи само со познати закани

Повеќето антивирус решенија користат препознавање по потпис.

Тоа значи:

  • ако заканата е позната → ја блокира
  • ако е нападот е нов → може да го пропушти и да помине незабележано

А денешните сајбер напади најчесто се менуваат побрзо од можноста класичниот антивирус да ги препознае.

  • Нема целосна видливост и контрола

Модерните компании користат:

  • лаптопи и мобилни уреди
  • сервери и VPN пристап
  • “remote “работници
  • cloud платформи

Класичниот antivirus:

  • не дава централизирана контрола
  • не покажува целосна слика
  • нема напредна анализа на однесување на системот
  • не може навреме да се реагира на сомнителни активности
  • Нападите за заклучување на податоци го исклучуваат или заобиколуваат антивирусот
  • ги криптираат сите податоци
  • можат да направат целосен прекин на работа и да предизвикаат огромна финансиска штета за компанијата

 

Ова е една од најголемите закани за малите и средните компании во Северна Македонија денес. Еден ваков напад може да значи губење клиенти, доверба и приходи.

  • Просечното времетраење на прекин во работата по напад за заклучување на податоци е 24 дена.
  • Надоместокот на штета чини компаниите приближно 50 пати повеќе од самиот откуп.

 

Што им треба е потребно на компаниите денес?

Компаниите повеќе не бараат само “антивирус”.

Потребна е заштита која е:

  • проактивна (не само реактивна)
  • базирана на AI и анализа на однесување
  • централизирана за сите уреди
  • способна да открие непознати напади
  • автоматска во реакција

Модерната сајбер безбедност мора да открива закани пред тие да направат штета.

 

Современо Решение: Bitdefender GravityZone

Bitdefender GravityZone претставува модерна платформа за заштита на уреди која нуди многу повеќе од класичен антивирус за компании.

За разлика од класичен антивирус, тој обезбедува:

Детекција базирана на однесување

  • Ги анализира процесите и однесувањето, не само фајловите.

Ако некоја апликација почне сомнително да се однесува, системот автоматски реагира.

 

Напредна заштита од заклучување на податоци (Ransomware заштита)

  • Ги блокира нападите, спречува криптирање на податоци и помага во намалување на штетата.

Ова е критично важно за компании кои работат со чувствителни податоци.

 

Централизирано управување

  • Една конзола за сите уреди во компанијата.

Компаниите можат сами да управуваат со сите уреди, да следат закани во реално време и да реагираат веднаш при инцидент

 

Напредна превенција од закани

  • Открива и непознати (zero-day) закани.

Зошто малите и средните компании во Северна Македонија се најчеста цел?

Малите и средни компании најчесто:

  • немаат тим за сајбер безбедност
  • немаат обуки за вработените
  • користат основна заштита
  • мислат дека не се цел

Но токму тие се најчеста цел. Без доволна едукација и слаба заштита малите и средните компании се меѓу најчестите жртви на сајбер напади.

Дури и најдобрата технологија не е доволна без едукација на вработените.

Затоа компаниите се повеќе инвестираат во:

  • обуки за сајбер безбедност
  • тестирање на лажни пораки
  • обуки за безбедноста свест кај вработените
  • политика за заштита на податоци
  • Според истражување на Verizon за 2025 година, 88% од сите ransomware инциденти вклучуваат мали и средни компании
  • Истражувањетo на Masterc card спроведено на над 5.000 сопственици на мали и средни претпријатија покажа дека скоро секоја петта компанија која претрпела сајбер напад завршила во стечај или затворила

 

Заклучок

Класичниот антивирус денес веќе не е доволен бидејќи:

  • не ги препознава новите напади
  • не обезбедува целосна контрола
  • не е дизајниран за модерни закани
  • не користи анализа со вештачка интелегенција

Затоа се повеќе компании преминуваат кон напредни решенија како Bitdefender GravityZone, кои обезбедуваат реална, проактивна и централизирана заштита за целата организација.

 

Како официјален и лиценциран MSP партнер за Bitdefender, EMUworks нуди:

  • оригинални Bitdefender GravityZone лиценци
  • имплементација и конфигурација
  • обуки за безбедносна свест кај вработени
  • консултации за информатичка и сајбер безбедност
  • заштита на мали и средни компании

 

Дополнително, EMUworks обезбедува и целосна подршка и обука за користење на Bitdefender GravityZone, при што ИТ менаџерите или одговорните лица во компанијата самостојно управуваат со својот GravityZone профил и безбедносни поставки.

Тоа значи дека вашата компанија нема потреба да споделува чувствителни податоци, лозинки или интерни информации со трети лица. Нашиот тим ќе ве обучи како безбедно и ефикасно самостојно да управувате со платформата и сајбер заштитата на вашата компанија. Со ова, компанијата добива поголема контрола, приватност и безбедност, додека истовремено ја задржува целосната независност во управувањето со својата сајбер инфраструктура.

Сподели ја статијата