Бидете подготвени заштитени безбедни

Безбедноста не е опција – таа е неопходност.
Ние се грижиме Вашите податоци да останат безбедни!

Совети, Анализи и Сајбер Трендови

Следи ги најновите трендови, закани и решенија од светот на сајбер безбедноста.

Комплетна сајбер безбедност
за стабилен бизнис

Ве подготвуваме за секој можен сајбер предизвик.
Нашиот тим проценува ризици, открива ранливости и обезбедува постојана поддршка кога Ви е најпотребна.

Осигурете ја оперативната стабилност на Вашите податоци – ние ги тестираме вашите системи и веб-страници, нудиме заштита на крајни точки, откривање упади, антивирусни решенија, мониторинг програми, ревизии, GDPR усогласеност и многу повеќе.

Не дозволувајте хакерите да бидат чекор пред вас –
Изградете силна дигитална одбрана уште денес.

Основен безбедносен пакет -
Business Security

Комплетна заштита за Вашиот бизнис од најчестите сајбер закани!
Овој пакет ги вклучува клучните модули за заштита на Вашите уреди, мрежа и податоци, спречувајќи вируси, хакерски напади и фишинг закани во реално време.

Безбедносни решенија

Комплетна заштита на Вашите податоци од сите видови сајбер закани со напредни безбедносни решенија прилагодени на Вашите потреби.

Открива и блокира вируси, тројанци, шпионски софтвер и рансомвер на Windows, macOS и Linux.

Спречување на рансомвер – Блокира апликации кои се обидуваат да ги шифрираат вашите фајлови пред да настане штета.
Открива и спречува програми кои се обидуваат да ги крадат вашите лозинки преку снимање на тастатурата.

 Детекција на непознат малициозен софтвер – Анализира сомнителни активности и блокира нови закани кои класичниот антивирус може да ги пропушти.

Спречува напади преку слабости во програмите – Ако користите постар или неажуриран софтвер, хакерите може да најдат пропусти во него и да  го заразат вашиот систем. AAE ги блокира овие напади пред да предизвикаат штета.

 Го следи однесувањето на програмите – Наместо да бара познати вируси, AAE набљудува дали некоја програма се однесува чудно, како на пример обид за промена на важни системски датотеки

Блокира скриени напади на интернет – Некои веб-страници можат да  го заразат вашиот компјутер без никаква акција од ваша страна. AAE ја блокира оваа закана пред да стигне до вас.

 Блокира неовластен пристап – Фајрволот е како чувар на врата кој проверува кој смее, а кој не смее да влезе во вашата мрежа. Ако хакер се обиде да пристапи, фајрволот го блокира.

Го филтрира интернет сообраќајот – Проверува кои апликации и уреди комуницираат со интернетот, спречувајќи сомнителни врски и несакани програми да испраќаат податоци.

 Ги блокира малициозните веб-страници – Ако случајно кликнете на опасен линк, фајрволот може да ја блокира страницата пред да преземе вирус на вашиот компјутер.

Заштитува Wi-Fi и локални(LAN) мрежи – Дури и ако користите јавен Wi-Fi, оваа заштита ги следи и блокира сомнителните активности, спречувајќи кражба на податоци.

 Открива и запира сомнителен сообраќај – Ако некој се обиде да испрати или преземе опасни податоци во вашата мрежа, заштитата ќе го спречи тоа.

Заштитува различни видови уреди – Компјутери, лаптопи, мобилни уреди, сервери, cloud ресурси, IoT уреди, рутери.

Блокира опасни веб-страници – Ако некој линк води до веб-страница со вируси, фишинг или малициозен софтвер, Content Control веднаш ја блокира и спречува зараза.

 Ограничува пристап до несоодветни сајтови – Можете да спречите пристап до одредени веб-страници (на пр. социјални мрежи, коцкарници, несоодветни содржини) за да ја зголемите продуктивноста во компанијата.

 Филтрира интернет сообраќај – Следи кои веб-страници се посетуваат и овозможува управување со пристапот за одредени групи на корисници.

Ги блокира лажните веб-страници – Ако корисникот кликне на линк во измамничка е-пошта, Анти-фишинг заштитата ќе ја препознае опасната страница и ќе ја блокира пред да внесете податоци.

  • Ги спречува фишинг нападите преку интернет – Ако отворите веб-страница што копира легитимна платформа (банка, е-пошта сервис, социјална мрежа), Antiphishing веднаш ќе предупреди дека страницата е лажна.

·  Работи со  сите интернет пребарувачи –спречува отворање на фишинг линкови во Chrome, Edge, Firefox и други прелистувачи.

Ограничува користење на непознати уреди – Може да дозволите само одобрени USB-уреди, спречувајќи несакани фајлови да влезат во мрежата.

 Заштита од кражба на податоци – Ако некој се обиде да копира доверливи податоци на USB или друг уред, може автоматски да се блокира или регистрира обидот.

 Работи на сите уреди во мрежата – Оваа заштита важи за компјутери, лаптопи и други поврзани уреди, намалувајќи го ризикот од несакано пренесување на податоци.

Ограничува користење на непознати уреди – Може да дозволите само одобрени USB-уреди, спречувајќи несакани фајлови да влезат во мрежата.

Освен сите можности од Основниот безбедносен пакет, овој пакет додава уште посилни безбедносни слоеви, вклучувајќи автоматска анализа на сомнителни датотеки (Auto Sandbox Analyzer) и HyperDetect – напредна технологија за рано откривање на сложени закани.

Автоматски тестира сомнителни датотеки – Ако преземете или добиете сомнителен фајл, системот го става во “sandbox” (изолиран безбеден простор) и го проверува без да му дозволи да направи штета.

Открива и блокира скриени закани – Дури и ако вирусот се обиде да се маскира како легитимен фајл, Auto Sandbox Analyzer го анализира неговото вистинско однесување.

Ги запира заканите пред да заразат вашиот компјутер – Ако системот открие дека фајлот е опасен, автоматски го блокира пред да се активира.

Открива напредни и невидливи закани –Препознава и блокира рансомвер и  zero-day напади  

Користи вештачка интелигенција (AI) за анализа – Наместо да се потпира на класични вирусни бази, HyperDetect учи од нови напади и може да препознае непознати закани.

Дава дополнителен слој на заштита пред да се активира нападот – Блокира сомнителни активности уште во почетната фаза, спречувајќи штетата ја пред да се случи.

Содржи сè од Business Security Premium, но додава моќна детекција и одговор на напади со помош на EDR (Endpoint Detection and Response). Ова значи дека не само што ги блокира заканите, туку и ги анализира, следи и реагира за да спречи идни напади. Дополнително, овозможува XDR сензори за поширок опсег на безбедносна анализа.

Клучни придобивки:

Напредно истражување на закани – Историја на настани и анализа во реално време, овозможувајќи брзо идентификување на нападите.
 EDR (Endpoint Detection and Response) – Следи како се одвива нападот, како се проширува низ уредите и овозможува детална анализа за идни подобрувања во безбедноста.
Можност за додавање XDR сензори – XDR (Extended Detection and Response) овозможува проширување на детекцијата надвор од крајните уреди (endpoints), вклучувајќи мрежа, cloud и е-пошта, за подобра целосна заштита.

Заштита на е-пошта (Email Security)

 Блокира фишинг и измамнички е-пораки – Ги филтрира сите дојдовни пораки и спречува фишинг напади кои се обидуваат да ги украдат вашите лозинки, банкарски информации или доверливи податоци.

 Спречува испраќање на малициозни прилози – Автоматски скенира прикачени датотеки за вируси и малициозен софтвер пред да ги отворите.

 Открива и блокира спам и несакани пораки – Го намалува ризикот од отворање потенцијално опасни пораки и ги елиминира непотребните спам пораки што го одземаат вашето време.

Блокира мобилни закани во реално време – Спречува вируси, фишинг, рансомвер и мрежни напади насочени кон мобилни уреди.

Заштита на корпоративни и BYOD уреди – Го обезбедува пристапот до доверливи податоци без разлика дали уредот е службен или личен.

 Препознавање на ризични апликации – Врши автоматска анализа (vetting) на апликации и предупредува за небезбедни или нелегитимни апликации што можат да ја загрозат безбедноста.

Автоматско ажурирање и заштита на софтверот-Patch Management

Автоматско ажурирање на софтверот

 Преглед и контрола на ажурирањата – Администраторите можат да одредат безбедносни ажурирања да се применат и кога, за да не пречат во работниот процес.

Автоматска проверка за нови слабости – Системот ги следи објавените ранливости (CVE) и предлага итни ажурирања за заштита од најновите закани.

Како би реагирал вашиот систем под вистински хакерски напад? Со пенетрационо тестирање, експертите симулираат реални сајбер-напади за да откријат безбедносни слабости и да ги затворат пред да бидат искористени од хакери.

Како ве штити пенетрациското тестирање?

Откривање на ранливости – Проверка на мрежата, серверите, апликациите и корисничките системи за потенцијални безбедносни пропусти.

Симулирани хакерски напади – Тестирање на реакцијата на вашиот систем на различни видови напади, вклучувајќи социјален инженеринг, SQL напади, brute force и ransomware симулации.

 Препораки за подобрување – Детален извештај со предлози за одстранување на слабостите и зголемување на безбедноста.

Хакерските форуми и Darknet пазарите се места каде што се продаваат украдени податоци. Истражувањето на Darknet помага да се провери дали вашите лозинки, е-пошта или доверливи информации се компромитирани и достапни за напаѓачите.

 Како ве штити истражувањето на Darknet?

 Проверка на хакерски форуми и бази на податоци – Откривање дали вашите кориснички податоци, лозинки или финансиски информации се продадени или споделени во Darknet.

 Идентификација на потенцијални закани – Ако вашата компанија е таргет на фишинг кампањи или организирани напади, оваа услуга може да открие предупредувачки знаци.

 Заштита пред да биде предоцна – Ако се најдат вашите податоци, се преземаат мерки за промена на лозинки, подобрување на безбедноста и известување на засегнатите корисници.

 Осигурете се дека вашата компанија е усогласена со Законот за заштита на личните податоци во Македонија! Нашата услуга обезбедува целосна заштита на чувствителните информации, спречувајќи злоупотреба, и незаконска обработка на податоците.

Како ве штити оваа услуга?

 Идентификација и управување со лични податоци – Ги анализираме сите податоци што вашата компанија ги обработува и осигуруваме дека се класифицирани и заштитени според законските прописи.

 Усогласеност на веб-страницата со законските прописи – Осигуруваме дека вашата веб-страница ги исполнува сите регулативи за заштита на личните податоци, вклучувајќи јасни политики за приватност, согласност за обработка на податоци и безбедност на корисничките информации.

 Подготовка за усогласеност со законот – Ваша компанија ќе биде целосно усогласена со Законот за заштита на личните податоци во Македонија, избегнувајќи казни и правни ризици.

Проверена компетенција

FAQ за Сајбер Безбедност

О: Да, сите наши решенија за дигитална безбедност се целосно усогласени со Законот за безбедност на мрежни и информациски системи на Македонија. Ги штитиме претпријатијата во Северна Македонија преку усогласување на нивната ИТ инфраструктура со локалните закони. Нашите услуги им помагаат на менаџерите во Скопје и другите градови да избегнат критични правни казни и глоби.

О: Да, спроведуваме интерактивни обуки за сајбер хигиена на македонски јазик наменети за вработени во приватниот и јавниот сектор. Обуките се изведуваат онлајн или во вашиот деловен простор со цел драстично да се намали ризикот од човечки фактор.

Оптимизирани FAQ за Bitdefender GravityZone и Обуки

О: Да, ние нудиме комплетно лиценцирање, имплементација и локална поддршка за Bitdefender GravityZone во Северна Македонија. Нашите сертифицирани инженери вршат конфигурација на платформата за бизниси во Скопје и низ целата држава, обезбедувајќи максимална заштита на вашите компјутери, сервери и мобилни уреди.

О: Нашата услуга вклучува креирање на реални, контролирани фишинг напади прилагодени на македонски јазик за да се тестира будноста на вашите вработени. Овие симулации им помагаат на компаниите во Македонија да ги идентификуваат ранливите точки во тимот пред да се случи вистински напад.

О: Обуките за сајбер свесност се изведуваат онлајн или со физичко присуство во вашите канцеларии во Скопје и другите градови. Програмата е прилагодена на македонски јазик, трае околу 60 до 90 минути и ги учи вработените како безбедно да ракуваат со лозинки, линкови и доверливи податоци.

О: Bitdefender GravityZone користи напредна вештачка интелигенција за детекција на Ransomware и непознати закани пред тие да направат штета. Покрај тоа, овозможува централизирано управување со сите уреди во фирмата од една конзола, што е идеално за компании кои мора да го почитуваат Законот за безбедност на мрежни системи во Македонија.

О: Цената се одредува според вкупниот број на корисници во вашата компанија, а почетните пакети се достапни веќе од 300 денари месечно по уред, со услов за вклучување на минимум 3 компјутери. Контактирајте го нашиот тим или закажете бесплатен термин преку Calendly за да изработиме индивидуална понуда прилагодена на потребите на вашиот бизнис во Македонија.

О: Ние го користиме Bitdefender GravityZone како примарна Cloud заштита и паметен антивирус од следната генерација за сите кориснички уреди и сервери. Покрај тоа, имплементираме специјализирани платформи за симулација на фишинг напади и напредни софтвери за автоматизирана обука за сајбер свесност, со цел да обезбедиме 360-степена дигитална безбедност за бизнисите во Македонија.

Напредни FAQ за Напредна Заштита и Аналитика

О: Да, нашиот тим имплементира и управува со Bitdefender EDR (Endpoint Detection and Response) и MDR (Managed Detection and Response) модулите за компании во Македонија. Овие технологии овозможуваат континуиран мониторинг, детекција на софистицирани закани во реално време и инстантна реакција при сајбер инциденти во вашата мрежа.

О: Да, по секоја спроведена симулација, на менаџментот му доставуваме детални аналитички извештаи со статистика за однесувањето на вработените. Извештајот точно прикажува колку вработени го отвориле фишинг мејлот, колку кликнале на линкот и на кои сектори им е потребна дополнителна обука за сајбер свесност.

Направи го првиот чекор.

Ние ќе се погрижиме за останатото.

САЈБЕР
БЕЗБЕДНОСТ
како бизнис одлука

Заштита и Контрола на Дигиталните ризици за стабилно работење.