Сајбер нападите се обиди за нарушување, оштетување или неовластен пристап до компјутерски системи, мрежи или податоци. Напаѓачите можат да користат малвер, како вируси, тројански коњи или лажен софтвер за да ги инфицираат уредите на жртвата и да стекнат неовластен пристап до податоци. Рансомвер(Ransomware) напади може да ги заклучат податоците на корисниците и бараат откуп за нивно отклучување. Нападите можат да бидат извршени од хакери, криминални групи или дури и државни субјекти.
Како да го заштитите вашиот уред од сајбер напади?
• Редовно ажурирајте го оперативниот систем и сите програми.
• Инсталирајте антивирусен софтвер и редовно скенирајте .
• Користете комплексни лозинки и различна лозинка за секоја сметка.
• Избегнувајте користење на јавни Wi-Fi мрежи за чувствителни активности.
• Чувајте ги вашите податоци на безбедна локација, како надворешен диск или Cloud.

