Сајбер безбедноста повеќе не е само прашање на добра IT практика. За дел од компаниите во Македонија таа веќе претставува и конкретна законска обврска.
Од 1 јануари 2026 година се применува Законот за безбедност на мрежни и информациски системи, кој воведува правила за управување со сајбер ризици, заштита на мрежните и информациските системи и пријавување значајни сајбер инциденти.
Важноста на промената ја потенцира и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, според кого новиот закон воспоставува појасни линии на одговорност и систем за управување со сајбер ризици, со посебно значење и за приватниот сектор. Тој нагласува дека пристапот кон сајбер безбедноста треба да се менува од реактивен во проактивен, при што организациите треба однапред да бидат подготвени за управување со ризици и континуитет на работењето.
За компаниите најважното прашање е: што носат новите барања и колку е вашата организација подготвена за нив?
Законот прави разлика меѓу суштински субјекти и важни субјекти, при што се земаат предвид фактори како секторот, видот на услугите, големината и значењето на организацијата.
Посебно внимание треба да обрнат организации од области како енергетика, транспорт, банкарство и финансии, здравство, водоснабдување, дигитална инфраструктура, ICT и управувани IT услуги, јавна администрација, поштенски услуги, производство, храна и дигитални услуги.
За компаниите ова е добра причина навреме да ја разгледаат својата моментална состојба и да проверат дали постојните безбедносни мерки одговараат на ризиците со кои реално се соочуваат.
Една од најважните промени е начинот на кој се третира сајбер безбедноста.
Антивирус или firewall сами по себе не се доволни. Потребен е поширок пристап кон управувањето со ризиците.
Тоа вклучува анализа на ризици, безбедносни политики, управување со инциденти, континуитет на работењето, backup и обновување на податоците, управување со ранливости, безбедност на добавувачите, контрола на пристап и соодветна подготовка на вработените.
Компанијата треба да знае кои системи и податоци се критични, каде постојат слабости и што ќе направи доколку критичен систем утре стане недостапен.
Со тоа информациската безбедност престанува да биде само задача на IT одделот и станува дел од управувањето со деловниот ризик.
Законот воведува конкретни обврски и за известување при значајни сајбер инциденти.
За суштинските и важните субјекти е предвиден повеќефазен процес на известување. Во определени ситуации надлежниот тим за одговор на компјутерски инциденти треба да биде известен веднаш, а најдоцна во рок од три часа од дознавањето за инцидентот или сајбер заканата.
Три часа не оставаат простор за импровизација.
Организацијата треба однапред да знае кој го препознава инцидентот, кој ја проценува ситуацијата, кој носи одлуки и како се реагира.
Добрата сајбер заштита затоа не значи само спречување напад, туку и способност брзо да реагирате ако нападот сепак се случи.
Важен дел од современата сајбер безбедност е и безбедноста на синџирот на снабдување.
Компаниите зависат од IT провајдери, cloud услуги, софтверски решенија, надворешни партнери и други добавувачи кои на различен начин можат да имаат пристап до системи или деловни податоци.
Затоа е важно да се знае не само како се заштитени вашите уреди и мрежа, туку и какви ризици можат да произлезат од соработката со трети страни.
Сајбер безбедноста сè повеќе станува деловно прашање и фактор на доверба меѓу компаниите, клиентите и партнерите.
Започнете со неколку практични прашања:
Ако на повеќе од овие прашања одговорот е „не знаеме“, време е да ја проверите моменталната состојба.
EMUworks им помага на компаниите да ги идентификуваат техничките слабости и да воспостават соодветна ИТ безбедност.
Во зависност од потребите на вашата компанија, обезбедуваме:
Како официјален Bitdefender MSP партнер во Македонија, EMUworks обезбедува и имплементација, конфигурација и локална техничка поддршка.
Не чекајте сајбер инцидент за да откриете каде се слабостите.
Контактирајте го тимот на EMUworks за консултација и проверете кои безбедносни мерки се соодветни за вашата компанија.
Сподели ја статијата