+389 72 270 874

info@emuworks.eu

сајбер-безбедност

Ве подготвуваме за потенцијални сајбер инциденти. Проценуваме фактори на ризик, сме достапни за помош во секое време и одговараме на Вашите прашања. Оперативната способност на Вашиот бизнис мора да биде осигурена во секој момент! Затоа, ги тестираме Вашите системи/веб-страници за ранливости. Ви нудиме заштита на крајни точки, откривање на упади, програми за мониторинг, антивирусни системи, заштита од малициозен софтвер, тестирање на пенетрација, ревизии, усогласеност со GDPR и многу повеќе! Не дозволувајте вашата компанија да биде изложена на хакерски напади!

Основен безбедносен пакет -Business Security

Комплетна заштита за вашиот бизнис од најчестите сајбер закани!
Овој пакет ги вклучува клучните модули за заштита на вашите уреди, мрежа и податоци, спречувајќи вируси, хакерски напади и фишинг закани во реално време.

Открива и блокира вируси, тројанци, шпионски софтвер и рансомвер на Windows, macOS и Linux.

Спречување на рансомвер – Блокира апликации кои се обидуваат да ги шифрираат вашите фајлови пред да настане штета.
Открива и спречува програми кои се обидуваат да ги крадат вашите лозинки преку снимање на тастатурата.

 Детекција на непознат малициозен софтвер – Анализира сомнителни активности и блокира нови закани кои класичниот антивирус може да ги пропушти.

Спречува напади преку слабости во програмите – Ако користите постар или неажуриран софтвер, хакерите може да најдат пропусти во него и да  го заразат вашиот систем. AAE ги блокира овие напади пред да предизвикаат штета.

 Го следи однесувањето на програмите – Наместо да бара познати вируси, AAE набљудува дали некоја програма се однесува чудно, како на пример обид за промена на важни системски датотеки

Блокира скриени напади на интернет – Некои веб-страници можат да  го заразат вашиот компјутер без никаква акција од ваша страна. AAE ја блокира оваа закана пред да стигне до вас.

 Блокира неовластен пристап – Фајрволот е како чувар на врата кој проверува кој смее, а кој не смее да влезе во вашата мрежа. Ако хакер се обиде да пристапи, фајрволот го блокира.

Го филтрира интернет сообраќајот – Проверува кои апликации и уреди комуницираат со интернетот, спречувајќи сомнителни врски и несакани програми да испраќаат податоци.

 Ги блокира малициозните веб-страници – Ако случајно кликнете на опасен линк, фајрволот може да ја блокира страницата пред да преземе вирус на вашиот компјутер.

Заштитува Wi-Fi и локални(LAN) мрежи – Дури и ако користите јавен Wi-Fi, оваа заштита ги следи и блокира сомнителните активности, спречувајќи кражба на податоци.

 Открива и запира сомнителен сообраќај – Ако некој се обиде да испрати или преземе опасни податоци во вашата мрежа, заштитата ќе го спречи тоа.

Заштитува различни видови уреди – Компјутери, лаптопи, мобилни уреди, сервери, cloud ресурси, IoT уреди, рутери.

Блокира опасни веб-страници – Ако некој линк води до веб-страница со вируси, фишинг или малициозен софтвер, Content Control веднаш ја блокира и спречува зараза.

 Ограничува пристап до несоодветни сајтови – Можете да спречите пристап до одредени веб-страници (на пр. социјални мрежи, коцкарници, несоодветни содржини) за да ја зголемите продуктивноста во компанијата.

 Филтрира интернет сообраќај – Следи кои веб-страници се посетуваат и овозможува управување со пристапот за одредени групи на корисници.

Ги блокира лажните веб-страници – Ако корисникот кликне на линк во измамничка е-пошта, Анти-фишинг заштитата ќе ја препознае опасната страница и ќе ја блокира пред да внесете податоци.

  • Ги спречува фишинг нападите преку интернет – Ако отворите веб-страница што копира легитимна платформа (банка, е-пошта сервис, социјална мрежа), Antiphishing веднаш ќе предупреди дека страницата е лажна.

·  Работи со  сите интернет пребарувачи –спречува отворање на фишинг линкови во Chrome, Edge, Firefox и други прелистувачи.

Ограничува користење на непознати уреди – Може да дозволите само одобрени USB-уреди, спречувајќи несакани фајлови да влезат во мрежата.

 Заштита од кражба на податоци – Ако некој се обиде да копира доверливи податоци на USB или друг уред, може автоматски да се блокира или регистрира обидот.

 Работи на сите уреди во мрежата – Оваа заштита важи за компјутери, лаптопи и други поврзани уреди, намалувајќи го ризикот од несакано пренесување на податоци.

Ограничува користење на непознати уреди – Може да дозволите само одобрени USB-уреди, спречувајќи несакани фајлови да влезат во мрежата.

Освен сите можности од Основниот безбедносен пакет, овој пакет додава уште посилни безбедносни слоеви, вклучувајќи автоматска анализа на сомнителни датотеки (Auto Sandbox Analyzer) и HyperDetect – напредна технологија за рано откривање на сложени закани.

Автоматски тестира сомнителни датотеки – Ако преземете или добиете сомнителен фајл, системот го става во “sandbox” (изолиран безбеден простор) и го проверува без да му дозволи да направи штета.

Открива и блокира скриени закани – Дури и ако вирусот се обиде да се маскира како легитимен фајл, Auto Sandbox Analyzer го анализира неговото вистинско однесување.

Ги запира заканите пред да заразат вашиот компјутер – Ако системот открие дека фајлот е опасен, автоматски го блокира пред да се активира.

Открива напредни и невидливи закани –Препознава и блокира рансомвер и  zero-day напади  

Користи вештачка интелигенција (AI) за анализа – Наместо да се потпира на класични вирусни бази, HyperDetect учи од нови напади и може да препознае непознати закани.

Дава дополнителен слој на заштита пред да се активира нападот – Блокира сомнителни активности уште во почетната фаза, спречувајќи штетата ја пред да се случи.

Содржи сè од Business Security Premium, но додава моќна детекција и одговор на напади со помош на EDR (Endpoint Detection and Response). Ова значи дека не само што ги блокира заканите, туку и ги анализира, следи и реагира за да спречи идни напади. Дополнително, овозможува XDR сензори за поширок опсег на безбедносна анализа.

Клучни придобивки:

Напредно истражување на закани – Историја на настани и анализа во реално време, овозможувајќи брзо идентификување на нападите.
 EDR (Endpoint Detection and Response) – Следи како се одвива нападот, како се проширува низ уредите и овозможува детална анализа за идни подобрувања во безбедноста.
Можност за додавање XDR сензори – XDR (Extended Detection and Response) овозможува проширување на детекцијата надвор од крајните уреди (endpoints), вклучувајќи мрежа, cloud и е-пошта, за подобра целосна заштита.

Заштита на е-пошта (Email Security)

 Блокира фишинг и измамнички е-пораки – Ги филтрира сите дојдовни пораки и спречува фишинг напади кои се обидуваат да ги украдат вашите лозинки, банкарски информации или доверливи податоци.

 Спречува испраќање на малициозни прилози – Автоматски скенира прикачени датотеки за вируси и малициозен софтвер пред да ги отворите.

 Открива и блокира спам и несакани пораки – Го намалува ризикот од отворање потенцијално опасни пораки и ги елиминира непотребните спам пораки што го одземаат вашето време.

Блокира мобилни закани во реално време – Спречува вируси, фишинг, рансомвер и мрежни напади насочени кон мобилни уреди.

Заштита на корпоративни и BYOD уреди – Го обезбедува пристапот до доверливи податоци без разлика дали уредот е службен или личен.

 Препознавање на ризични апликации – Врши автоматска анализа (vetting) на апликации и предупредува за небезбедни или нелегитимни апликации што можат да ја загрозат безбедноста.

Автоматско ажурирање и заштита на софтверот-Patch Management

Автоматско ажурирање на софтверот

 Преглед и контрола на ажурирањата – Администраторите можат да одредат безбедносни ажурирања да се применат и кога, за да не пречат во работниот процес.

Автоматска проверка за нови слабости – Системот ги следи објавените ранливости (CVE) и предлага итни ажурирања за заштита од најновите закани.

Како би реагирал вашиот систем под вистински хакерски напад? Со пенетрационо тестирање, експертите симулираат реални сајбер-напади за да откријат безбедносни слабости и да ги затворат пред да бидат искористени од хакери.

Како ве штити пенетрациското тестирање?

Откривање на ранливости – Проверка на мрежата, серверите, апликациите и корисничките системи за потенцијални безбедносни пропусти.

Симулирани хакерски напади – Тестирање на реакцијата на вашиот систем на различни видови напади, вклучувајќи социјален инженеринг, SQL напади, brute force и ransomware симулации.

 Препораки за подобрување – Детален извештај со предлози за одстранување на слабостите и зголемување на безбедноста.

Хакерските форуми и Darknet пазарите се места каде што се продаваат украдени податоци. Истражувањето на Darknet помага да се провери дали вашите лозинки, е-пошта или доверливи информации се компромитирани и достапни за напаѓачите.

 Како ве штити истражувањето на Darknet?

 Проверка на хакерски форуми и бази на податоци – Откривање дали вашите кориснички податоци, лозинки или финансиски информации се продадени или споделени во Darknet.

 Идентификација на потенцијални закани – Ако вашата компанија е таргет на фишинг кампањи или организирани напади, оваа услуга може да открие предупредувачки знаци.

 Заштита пред да биде предоцна – Ако се најдат вашите податоци, се преземаат мерки за промена на лозинки, подобрување на безбедноста и известување на засегнатите корисници.

 Осигурете се дека вашата компанија е усогласена со Законот за заштита на личните податоци во Македонија! Нашата услуга обезбедува целосна заштита на чувствителните информации, спречувајќи злоупотреба, и незаконска обработка на податоците.

Како ве штити оваа услуга?

 Идентификација и управување со лични податоци – Ги анализираме сите податоци што вашата компанија ги обработува и осигуруваме дека се класифицирани и заштитени според законските прописи.

 Усогласеност на веб-страницата со законските прописи – Осигуруваме дека вашата веб-страница ги исполнува сите регулативи за заштита на личните податоци, вклучувајќи јасни политики за приватност, согласност за обработка на податоци и безбедност на корисничките информации.

 Подготовка за усогласеност со законот – Ваша компанија ќе биде целосно усогласена со Законот за заштита на личните податоци во Македонија, избегнувајќи казни и правни ризици.

Име

Комплетна заштита за вашиот бизнис од најчестите сајбер закани!

Одберете пакет кој ги вклучува
клучните модули за заштита на вашите уреди, мрежа и податоци, спречувајќи вируси, хакерски напади и фишинг закани во реално време.