+389 72 270 874

info@emuworks.eu

Политика за приватност

 

 

Политиката за приватност на EMUworks го уредува начинот на кој веб-страницата ги собира, користи, чува и открива податоците од посетителите (корисниците) на истата.

 Ве молиме внимателно да го прочитате овој текст пред да продолжите да ја користите веб-страницата. Со пристапување и користење на веб-страницата се претпоставува дека сте согласни со условите наведени во овој текст.Следните информации даваат едноставен преглед на тоа што се случува со вашите податоци кога ја посетувате нашата веб-страница.

Собирање податоци на нашата веб страница

Кој е одговорен за собирањето податоци на оваа веб-страница?

Операторот на веб-страницата ги обработува податоците на оваа веб-страница. Контакт деталите се наведени во правното известување (Импресум).

Кои податоци ги собираме?

  • Лични податоци

„Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет.

Користењето на достапните ресурси, услуги и  карактеристики на веб-страницата може да подразбира собирање на лични податоци. Пример за вакво собирање податоци се полињата за оставање коментари, контактирање на персоналот преку контакт формулари итн. Корисниците можат во секое време да одбијат да ги достават личните идентификациски податоци, но тоа може да им го оневозможи остварувањето на одредени активности поврзани со користењето на веб-страницата.

  • Други податоци кои не се лични

При секоја посета на веб-страницата се собираат и други идентификациски податоци за корисниците кои не се лични. Идентификациските податоци кои не се лични се од техничка природа и може да ги вклучуваат името на веб-прелистувачот, типот на уредот и оперативниот систем кои се користат за пристап, интернет провајдерот што корисникот го користи при посета на веб-станицата и други слични податоци. Корисниците имаат можност да ја посетат веб-страницата и анонимно.

 

 

 

Како ги собираме вашите податоци?

·         Колачиња (cookies) на веб-прелистувачот

EMUworks користи колачиња (cookies) кои овозможуваат препознавање на посетителите на веб-страницата и олеснување при нејзиното користење. Посетителот може во секое време да спречи поставување на колачиња преку нашата веб-странива со користење на соодветна поставка на веб-прелистувачот или да избере да добие предупредување секогаш кога колачињата ќе се пратат. Тој може и трајно да го одбие поставувањето колачиња, како и трајно да ги избрише веќе поставените колачиња преку веб-прелистувачот или други програми. Ако посетителот го исклучи поставувањето колачиња преку веб-прелистувачот, не ќе може во целост да ги користи сите функции на веб-страницата. Колачињата не содржат лични податоци.

·         Контакт-формулари

EMUworks користи контакт-формулари за да овозможи контактирање на корисниците со персоналот на EMUworks. При користење на овие формулари, идентификувањето со име и имејл-адреса е неопходно за да можеме да доставиме одговор во врска со поставеното прашање или барање. Контакт-формуларите можат да содржат и други задолжителни полиња означени со ѕвездичка (*) во зависност од намената за која се креирани.

·         Фајлови со историја (log files)

Нашиот веб сервер користи фајлови со историја (log files), што е стандардна практика на собирање и чување одреден вид податоци кои не се лични и не се поврзуваат со личните податоци кои се собираат на други начини. Овој вид податоци ги вклучуваат: интернет протокол (IP) адресите, типот на прелистувачот, провајдерот на интернет услугата (ISP), дојдовните и излезните страници, типот на платформата, датумот и бројот на кликовите и сл. Податоците собрани и зачувани на овој начин се користат за администрација на веб-страницата, анализа на трендовите и унапредување на целокупната функционалност и услуги на веб-страницата.

 

За каква цел ги користиме вашите податоци?

Дел од податоците се собираат за да се обезбеди правилно функционирање на веб-страницата. Други податоци може да се користат за анализа на вашите  активности на оваа веб- страница(корисничко однесување).

Како ги штитиме вашите податоци(технички и организациски мерки)?

EMUworks ги применува своите расположливи сигурносни мерки за да обезбеди прибирање, чување и обработка на податоците преку заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци како и податоци кои не се лични, а се складирани на нашата веб-страница. Ние не ги продаваме, разменуваме или изнајмуваме собраните информации на трети лица.

  • SSL или TLS енкрипција

Од безбедносни причини и за заштита на преносот на доверливи содржини, како што се нарачки или барања што ни ги испраќате како оператор на веб-страницата, оваа страница користи SSL или TLS енкрипција. Можете да препознаете енкриптирана врска по тоа што адресата на прелистувачот се менува од „http://“ во „https://“ и по симболот на катанец во вашиот прелистувач.

Кога е овозможена SSL или TLS енкрипција, податоците што ни ги пренесувате не можат да бидат прочитани од трети страни.

  • Енкриптирани платежни трансакции на оваа веб-страница

Доколку, по склучување на договор за плаќање, од вас се бара да ни ги доставите вашите детали за плаќање (на пр., број на банкарска сметка), овие податоци се потребни за обработка на плаќањето.

Платежните трансакции преку вообичаени методи на плаќање (Visa/MasterCard, директно задолжување) се вршат исклучиво преку енкриптирана SSL или TLS врска.

Со енкриптирана комуникација, вашите податоци за плаќање кои ни ги пренесувате не можат да бидат прочитани од трети страни.

  • Контрола на пристап:

-Пристапот до личните податоци е ограничен само на оние вработени кои имаат потреба да пристапат до нив за извршување на нивните работни задачи.

-Се користат силни лозинки и системи за автентикација за да се спречи неовластен пристап.

-Правата за пристап се редовно прегледуваат и ажурираат.

  • Заштита од малициозен софтвер:

-Користиме антивирусни и анти-малициозни софтверски решенија кои редовно се ажурираат за да ги заштитат нашите системи од закани.

-Се спроведуваат редовни скенирања на нашите системи за откривање и отстранување на малициозен софтвер.

  • Заштитни ѕидови (Firewalls):

-Користиме заштитни ѕидови за да го контролираме мрежниот сообраќај и да спречиме неовластен пристап до нашите сервери и системи.

  • Резервни копии (Backups):

-Редовно се прават резервни копии на личните податоци за да се овозможи нивно враќање во случај на губење податоци (на пример, поради технички проблеми или несреќи).

  • Ажурирање на системи:

-Редовно ги ажурираме нашите софтверски и хардверски системи со најновите безбедносни решенија за да ги заштитиме од познати ранливости.

  • Физичка безбедност:

-Нашите простории каде што се чуваат лични податоци се физички обезбедени за да се спречи неовластен пристап.

Отстранување на лични податоци

Доколку сметате дека некоја содржина или информација објавена на друг начин ги повредува вашите права и/или сакате вашите лични податоци да бидат отстранети, можете да нè контактирате на   info@emuworks.eu При ова постапување, ве молиме прецизно да наведете кои податоци сакате да бидат отстранети и поради која причина.

Аналитика и алатки од трети страни

Кога ја посетувате нашата веб-страница, вашето однесување при прелистување може статистички да се анализира. Ова се случува првенствено преку колачиња и таканаречени програми за анализа. Анализата на вашето однесување при прелистување е обично анонимна, што значи дека однесувањето не може да се поврзе со вас. Можете да се спротивставите на оваа анализа или да ја спречите со тоа што нема да користите одредени алатки. Вие имате право да се спротивставите на оваа анализа во секое време.

Какви права имате во врска со вашите податоци?

  • право на пристап до личните податоци: Имате право да добиете потврда дали вашите лични податоци се обработуваат и, доколку се обработуваат, да имате пристап до личните податоци, како и да добиете информации за категориите лични податоци што се обработуваат за вас, целите на обработката, периодот на чување, преносот на лични податоци во трета земја итн.
  • Право на исправка: Имате право да побарате исправка на неточни лични податоци кои се однесуваат на вас. Исто така, земајќи ги предвид целите на обработката, имате право да ги дополните нецелосните лични податоци, вклучително и преку доставување дополнителна изјава.
  • Право на бришење („право да се биде заборавен“): Имате право да побарате од нас да ги избришеме вашите лични податоци.
  • Право на ограничување на обработката: Во одредени ситуации (на пример, кога ја оспорувате точноста на податоците или кога сакате да ги задржиме вашите лични податоци), имате право да побарате ограничување на обработката на вашите податоци, со исклучок на нивно чување и друга обработка.
  • Право на преносливост: Имате право да ги добиете вашите лични податоци кои претходно сте ни ги доставиле, во структуриран, вообичаен и машински читлив формат. Исто така, имате право да ги пренесете овие податоци на друг контролор без наше мешање, доколку обработката се врши автоматски и се заснова на ваша согласност или на договор.
  • Право на повлекување на согласноста: Имате право во секое време да ја повлечете вашата согласност за обработка на личните податоци.
  • Право да не бидете предмет на автоматско донесување одлуки што вклучува создавање профили: Имате право да не бидете предмет на одлука која се заснова исклучиво на автоматска обработка, вклучително и профилирање, која произведува правни ефекти за вас или на сличен начин значајно влијае на вас, освен ако таквата одлука е неопходна за склучување или извршување на договор меѓу вас и нас, е дозволена со закон кој предвидува соодветни мерки за заштита на вашите права и слободи и легитимни интереси, или се заснова на ваша изречна согласност.

Комплетна заштита за вашиот бизнис од најчестите сајбер закани!

Одберете пакет кој ги вклучува
клучните модули за заштита на вашите уреди, мрежа и податоци, спречувајќи вируси, хакерски напади и фишинг закани во реално време.