Понеделник, 09:00 часот. Во сметководството на една македонска компанија пристигнува e-mail од долгогодишен деловен партнер.
Во прилог има фактура за последната испорака. Името на испраќачот е познато, износот е точен, а пораката изгледа сосема вообичаено.
Сметководителката ја извршува уплатата.
Но, не знае дека e-mail сметката на добавувачот е компромитирана, а банкарските податоци на фактурата се променети.
Парите се префрлени на сметка на сајбер криминалците.
Ова е измислено, но реалистично сценарио што покажува како може да се одвива деловна измама преку е-пошта.
Неколку часа подоцна, вистинскиот добавувач се јавува за да провери кога ќе биде извршена уплатата.
Што се случува во следните 24 часа?
Тогаш компанијата открива дека нешто не е во ред.
Следуваат итни повици до банката, проверка на трансакцијата и обид за враќање на средствата.
IT тимот започнува проверка на деловната комуникација за да утврди дали се компромитирани и други сметки. Доколку постои сомнеж за неовластен пристап, може да биде потребно привремено ограничување на одредени кориснички сметки.
Во меѓувреме, дел од секојдневните активности се одложуваат, а компанијата се соочува со финансиски ризик и дополнителни трошоци.
Една единствена e-mail порака предизвикала проблем што го засега целото работење.
Како успеал нападот и покрај антивирусната заштита?
Ова е пример за Business Email Compromise (BEC) – измама при која напаѓачите злоупотребуваат доверлива деловна комуникација.
Во овој случај немало заразен документ или сомнителен линк. Напаѓачот ја искористил довербата меѓу компанијата и нејзиниот добавувач.
Токму затоа традиционалната антивирусна заштита не е доволна за спречување на сите сајбер напади.
Една од најголемите слабости не е технологијата, туку недостигот од соодветни процедури и едукација.
Како компанијата можела да го спречи нападот?
Со неколку важни безбедносни мерки ризикот можел значително да се намали:
- Проверка на банкарските податоци – секоја промена на сметката за плаќање да се потврди телефонски преку претходно познат контакт.
- Заштита на деловен емаил – безбедносни решенија што помагаат во откривање phishing пораки и сомнителни активности.
- Обука за сајбер безбедност – вработените да знаат како да препознаат фишинг и обиди за лажно претставување.
- Редовни фишинг симулации – практично тестирање на реакциите на вработените во контролирана средина.
Вашите вработени можат да бидат најсилната линија на одбрана
Фишинг нападите не се секогаш лесни за препознавање. Пораките можат да изгледаат професионално, да содржат точни информации и да пристигнат од вистинска, но компромитирана деловна сметка.
Затоа компаниите не треба да се потпираат само на технологијата.
Преку редовни обуки и контролирани фишинг симулации, вработените учат како да реагираат на сомнителни барања и кога е потребна дополнителна проверка.
На тој начин се гради „човечки firewall“ – тим што активно придонесува за сајбер безбедноста на компанијата.
Дали Вашиот тим би препознал ваков напад?
EMUworks им помага на компаниите да ја подобрат својата ИТ безбедност преку професионални безбедносни решенија и обука на вработените за препознавање на сајбер закани.
Не чекајте вистински напад за да дознаете колку е подготвен Вашиот тим.
Контактирајте го тимот на EMUworks и информирајте се за можностите за обука и контролирани фишинг симулации.